Инфлацијата во земјава годинава ќе се искачи до 5,2 отсто, а економскиот раст се очекува да биде 3 проценти. Овие прогнози ги потврди Меѓународниот монетарен фонд во најновата публикација „Регионален економски преглед“ за мај. Фондот оценува дека главниот ризик за македонската економија доаѓа од високите цени. Повисока инфлација од нас се очекува да има Србија од 9,9 проценти. За другите земји од регионот, експертите на ММФ предвидуваат инфлаторната стапка ќе се движи од 2 процента во Црна Гора и Словенија, 3,5 во Хрватска, а 5 отсто во Босна. И Народна банка на Македонија ја смени проекцијата за растот на инфлацијата, од првичните 3 на 5 проценти. Засега НБМ не ја затега монетарната политика, но внимателно го следи растот на цените на храната и енергенсите на глобално ниво. И покрај сите овие укажувања и процени, Владата не отстапува од проекциите, оптимистички верува дека годинава ќе имаме ниска инфлација-во рамки на проектираните 3 проценти.
Инфлацијата во земјава годинава ќе се искачи до 5,2 отсто, а економскиот раст се очекува да биде 3 проценти.
Овие прогнози ги потврди Меѓународниот монетарен фонд во најновата публикација „Регионален економски преглед“ за мај. Фондот оценува дека главниот ризик за македонската економија доаѓа од високите цени.
Повисока инфлација од нас се очекува да има Србија од 9,9 проценти.
За другите земји од регионот, експертите на ММФ предвидуваат инфлаторната стапка ќе се движи од 2 процента во Црна Гора и Словенија, 3,5 во Хрватска, а 5 отсто во Босна.
И Народна банка на Македонија ја смени проекцијата за растот на инфлацијата, од првичните 3 на 5 проценти.
Засега НБМ не ја затега монетарната политика, но внимателно го следи растот на цените на храната и енергенсите на глобално ниво. И покрај сите овие укажувања и процени, Владата не отстапува од проекциите, оптимистички верува дека годинава ќе имаме ниска инфлација-во рамки на проектираните 3 проценти. ММФ прогнозира глобален економски раст од 4,4 отсто. „Светската економија закрепнува, но недоволно за да се справи со високата невработеност“, се наведува во најновиот извештај на Фондот.
Инаку, мисијата на ММФ се очекува да дојде во земјава во средината на јуни, кога ќе се врши редовна процена на состојбите во Македонија, како се спроведува ПЦЛ-аранжманот. Владата од него повлече 220 милиона евра што веќе се трошат.